1. Што испорачуваме? Дали сите наши производи може да се испорачуваат или се применуваат одредени ограничувања?

Тримакс ќе може да ги испорача сите призводи презентирани на веб страницата, било тоа да е книга, ЦД со музика или филм, карта (било патна било ѕидна), како и нагледни школски помагала. При испорака на стаклени предмети или предмети што содржат некој дел изработен од стакло, ќе треба да се запакуваат внимателно за да не дојде до оштетување при испорака (Handle with care – Fragile).


2. Кога испорачуваме?

Во зависност од местото на испорака, ние ќе пресметаме датум и време за испорака со оглед на нарачката и на опциите кои ќе ги изберете при нарачка на одреден/и производ/и. Проценетиот датум и време за испорака ќе ви се испратат на имејл каде ќе можете да видите и да потврдите дали определените параметри ви одговараат.

3. До каде испорачуваме?

Сакате да нарачате од нашиот веб сајт? Ќе можеме виртуелно да испратиме производ на било која адреса во светот. Моментално не постои забрана за некој производ кој не ќе може да се испорача на интернационални дестинации.

4. Како испорачуваме?

Имаме широк избор на достава на наши производи. Истиот ќе можете да го изберете во зависност од начинот на кој ќе платите за одреден производ што сте го нарачале и во зависност од брзината на доставата. Дали тоа ќе биде по пошта, со компанија за достава или авионски, по ДХЛ, ИПС, и сл.

5. Цени на испорака

Во зависност од местото на испорака, времето на испорака ќе се разликува. Доколку станува збор за класична пратка: Во Македонија испорака на пратката ќе се изврши во период од 2-5 работни дена. Надвор од Македонија: Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора 7-10 работни дена. Европа до 10 работни дена. Англија до 12 работни дена. Америка и Австралија до 15 работни дена. Азија и Јапонија до 20 работни дена. Цените на пратката ќе варираат во зависноста од големина на пратката и потребното време за кое сакате пратката да пристигне. За сè ќе бидете благовремено известени од моментот кога пратката ќе се нарача. Ќе добиете имејл од администраторот за нарачка во кој детално ќе бидете известени за сите расположиви опции.

6. Како може да се следи порачка која е испорачана?

Ќе можете да ја следите вашата пратка доколку го имате бројот на пратката. Начинот на испорака и доставувачот ќе ви бидат испратени на вашата имејл адреса каде во секое време ќе бидете известувани за статусот на вашата пратка.


7. Опција за подигање во продавница

Во зависност од адресата на испорака, вашата пратка може да биде доставена и во најблиската пошта од каде ќе можете да ја подигнете. Секако, тоа ќе зависи од изборот на достава при нарачка на производите од веб страницата.