Тримакс Картографија е основан 2000 година во Скопје, Македонија .

Од тогаш работи во областа на картографско издаваштво и дистрибуција на печатени материјали и училишни помагала.

За комплетна изработка, од идеја до производ, од производ до купувач задолжени се вработените во Тримакс:

  • Управа: Горан Димитров, Звонко Јанковски, Горан Горгиев.
  • Маркетинг: Горан Горгиев, Горан Димитров, Атанас Поповски.
  • Продажба: Киро Димитров, Ванчо Спасески.
  • Комерција и Маркетинг: Анета Спасовска, Ивана Анаќиоска.
  • Дистрибуција: Игор Величковски, Драган Анаќиоски.
  • Компјутерски центар: Анита Милевска, Елизабета Анѓелова.
  • Финансии: Звонко Јанковски.
  • Книжарници управа: Розета Јанковска, Марија Митиќ Димитрова.
  • Книжарници продажба:  Катарина Јанковска,  Маја Велеска,  Снежана Таневска,  Сања Недељчиќ, Марина Цимбуровска, , Елена Димитриева, Тања Рајевска, Теодора Јанковска, Фросина Здравеска, Јелена Тасевска, Сузaна Левајковска, Маја Пешовска…

За квалитетот на производите на Тримакс заслужни се и надворешни стручни соработници од ПМФ, наставници и професори од основни и средни училишта од земјата и странство.

Издаваштвото во картографската дејност се состои од: авто карти и авто атласи, планови на градови, туристички карти и водичи, географски атласи, училишни карти и помагала, неми карти, ѕидни карти итн. Eлектронска форма на карти (вектор и растер) или Web ориентирани. GIS и GPS примена на картите.

Дистрибуција на сите помагала и наставни средства до училиштата по предметите: Математика, Физика, Биологија, Хемија, Географија, Историја, Физичко.

Кариера со Тримакс

Тримакс постојано е во потрага по креативни и талентирани млади луѓе. Иако во моментот немаме отворено конкурс за работни позиции имаме потреба од надополнување на нашата база на потенцијални вработени. Поради тоа секој што е заинтересиран за работа во нашите продажни места – книжарници во Скопје,  може да ни испрати свое CV  на следниот е-меил:  rozetajankovska@trimaks.mk

ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ НА ДРУШТВОТО

·                 ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ изјавува дека главната цел на раководството и целиот персонал е давање на квалитетна услуга и производ на своите клиенти што одговара на сите нормативни барања и е во согласност нивните барања, потреби и очекувања.

·                 ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ континуирано ќе го следи степенот на задоволство на клиетите и ќе ги проучува  и исполнува нивните препораки, барања и рекламации се со цел истите да ги користи за подобрување на услуги и производите кои ги нуди.

·                 ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ се грижи за долготрајна и квалитетна соработка со сите заинтерсирани страни.

·                 ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ се стреми да одржува тим од висококвалификуван и мотивиран персонал и води сметка за одржување и благопријатен творечки амбиент, пришто секој извршител да биде свесен за важноста на своите дејствија во однос на задоволувањето на барањата на клиентите и просперитетот на фирмата.

·                 ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ ќе се грижи за континуиранa обука и едукација на вработените како основна потпора на Системот за управување со квалитет.

·                 ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ ќе ги поддржува Системот за управување со квалитет, во согласност со барањата на меѓународните стандарди ISO 9001:2015.

·                 ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ се  обврзува на идентификација на внатрешните и надворешните прашања и очекувања, како и ризиците и можностите за постојано унапредување на квалитетот на услугите и производите кои ги нуди.

·                 ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ ќе се стреми кон идентификување и елиминирање на сите ризици и недостатоци кои може да доведат до губење на довербата на клиентите и до намалување на профитот.

·                 ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ применува процесен период кон создавање и одржување на Системот за управување со квалитет и за таа цел извршува идентификација, планирање, воведување, контрола и континуирано подобрување на сите процеси кои имаат влијание врз квалитетот на сите услуги и производи.

·                 ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ им гарантира на своите клиенти коректност и максимално исполнување на превземените ангажмани.

·                 ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ се обврзува на исполнување на барањата на Законската регулатива од областа на заштита на работната и на животната средина, како и чување на ресурсите и инвестиците на најдобар можен начин.

·                 ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ се обврзува на идентификување на сите аспекти на животната средина до кои се доаѓа или може да се дојде и ставање под контрола на значајните аспекти за животната средина.

·                 ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ постојано ќе се стреми кон подобрување на своите дејности и услуги да бидат во склад со животната средина, преку доследно почитување на законите, прописите и стандардите.

·                 ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ ќе вложува максимални напори за зачувување на здравјето и безбедноста на сите заинтерсирани страни во деловни активности.

·                 ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ се обврзува да ги извршува сите активност во согласност со соодветните прописи и закони за заштита на здравјето и безбедност при работа.

Управител  Горан Димитров

Скопје, 04.03.2019  година

Подолу се нашите сертификати и овластувања: