Географски Атлас (тврд повез)

400 ден

Опис

Издавач: Тримакс

Година на издавање: 2015

Наслов на оригиналот: Географски атлас

Јазик на оригиналот: македонски

Број на страни: 96

ISBN: 998994077-0

Издание: четврто

Корица: тврда

 

Географскиот атлас наменет за основно образование низ 96 страни ни го прикажува светот преку различни типови на карти. Во него најпрвин се прикажани формата, големината и градбата на Земјата како и нејзината положба во Сончевиот систем. Исто така овде се наоѓаат и неколку тематски карти на Р. Македонија меѓу кои административна, туристичка и стопански карти. Потоа низ атласот следат физичко-географски, политички и тематски карти за сите континенти и одделни држави. На крајот од атласот има статистика во која се изнесени основните податоци за секоја држава во светот. Во прилог со атласот има и мултимедијално ЦД што ќе овозможи ученикот подобро да го запознае светот околу себе. Овде се наоѓа дигитално издание на географскиот атлас (физичко-географски, политички и тематски карти од целиот свет) и голем број на мултимедијални содржини, како и комплетниот учебник по географија за 5 одделение. За проверка на знаењето има и квиз за тестирање.

Дополнителни информации

Тежина 2 kg