Грдото Пајче – Ханс Кристијан Андерсен – лектира

100 ден

Опис

Шифра: 493

Издавач: Тримакс

Автор: Ханс Кристијан Андерсен

Година на издавање: 2019

ИСБН: 9786082042725

Број на страни: 26

Корица: Мека

 

Опис:

Ханс Христијан Андерсен е роден на 2 април 1805год. во Данска. Тој потекнува од сиромашно семејство. Кога Ханс бил мал, неговиот татко му читал необични бајки и му правел кукли со кои си играле. Ханс во реалниот свет многу често гладувал, но тука биле бајките, кои му го развеселувале тешкиот живот. Уште од мали нозе тој самиот почнал да заработува, составувајки мали претстави, песни  и рецитации.

Ханс Христијан Андересен има објавено многу дела,  а најпознат е со објавување на неговите бајки: „ Снежната кралица“, „Дивите лебеди“, „Палешка“, „Принцезата зрно грашок“,„Малата сирена“,  „Грдото пајче“… Тој претставува еден од најголемите писатели на бајки. Неговите бајки се многу читливи, разбирливи и  затоа лесно го придобиваат читателот.

Најпознатата бајка „Грдото пајче“ ја создал во 1843 год.Не постои дете кое не ја слушнало приказната за грдото пајче. Оваа бајка претставува еден вид на биографска бајка, затоа што и самиот имал многу тежок живот.

Бајката започнува со мајката пајка, која ги лежела своите јајца. Таа чекала да се изведат нејзините пајчиња, се радувала на доаѓањето на нови животи, нејзините деца. Во реалноста и таа како секоја мајка се радува на доѓањето на свет на нејзиното дете. Кога се испилило и последното различно  јајце, сите се однесувале лошо со пајчето, тоа било поголемо, сиво и  не угледно. Сепак мајката застанува на страната на своето чедо, затоа што  таа е мајка. Не прифаќањето на грдото пајче од околината, кај него развило една голема  желба да отиде што подалеку. На патот на своето бегство грдото пајче наидува на многу непријатности и неприфаќање, затоа што е поразличен од другите. Многу едноставно и во животот да се стопиме со сите кои се еднакви на нас. Но, животот не е така розов, не има секакви: убави, грди, добри, лоши, високи, ниски, мудри… Големината на животот е да научиме да ги прифаќаме различностите. Да  не им судиме на луѓето околу нас, затоа што тие имаат своја вредност на различен начин од нас. Од големата желба да избега од реалноста, грдото пајче е подготвено да се жртвува, да го снема, но тоа не сака да биде погубено од кој и да било, тој едноставно избира да биде погубен од убавите птици-лебеди. Од самата негова постапка се истакнува дека тешкиот живот кој го живеел, допринел и тој да го менува своето мислење.  Затоа посакал да умре од рацете на лебедите. Во тие тешки моменти грдото пајче кога сакал да ја сокрие својата глава под крилото, се огледал над водата, го видел својот одраз, се претворил во прекрасна птица-лебед. Кога осознал дека тој припага на лебедите го менува своето мислење кон животот. Продолжува среќно да живее, но не ги заборава лошите спомени од своето детство.

Дополнителни информации

Тежина 0.1 kg