Лична Географија – што по кого е наречено – Лексикон на епоними и епонимни форми

179 ден

Опис

Шифра:

Издавач: Тримакс

Година на издавање: 2018

Автор: Славомир Маринковиќ, Миленко Маринковиќ

Наслов на оригиналот: Лична географија – што по кого е наречено

Јазик на оригиналот: македонски

Број на страни: 94

ISBN: 608204257-3

Издание: прво

Корица: мека

Именувањето на градови, држави, мориња, реки и воопшто на географски поими според личности, значи преку епонимен пристап, е тема на трудот „Лична географија“, обработен како лексикон.

Епонимите се и можат да бидат вистински историски личности, значајни луѓе од светот на науките и уметностите, истражувачи, војсководци и откривачи на предели и на пронајдоци од подалечното или од поблиското минато. Тие, исто така, не ретко се и митски херои и јунаци од легендите.

Како илустрација, се укажува на примери какви што се Македонија, Пенсилванија, Боливија, Америка, Мелбурн, Атина, Битола, Тетово, Атлантски Океан, Санкт Петербург, Екатеринбург, Њујорк, Џексонвил, Еверест, Амундсеново Море, Вардар, Ганг, Јоханесбург, Гагарин, Рим, Делчево, Сандански…

Од Македонија и од светот се обработени актуелни називи, но и поранешни – оние што биле во употреба подолго или пократко време, а подоцна менувани и сменети. И тука со неколку примери се илустрира таквата појава: Анриево = Жостов = Ѓорче Петров; Горки = Нижни Новгород; Титоград = Подгорица; Терминус = Атланта; Каинск = Кујбишев.