Јужна Америка физичко географска

1.900 ден

Опис

Издавач: Тримакс

Година на издавање: 2016

Димензии: 140 x 100

Размер: 1 : 7 500 000

Изработка: Печатена на 115 g/m2 конздрук. Пластифицирана и врамена со лајсни.

 

Картата на Јужна Америка пред сè е направена и наменета за наставната програма по предметот географија и е прилагодена на наставната програма дефинирана од министерството за образование. Наместо теоретско раскажување, акцентот во картата е ставен на совладување на нови наставни единици преку вежби со практична работа и визуелно прикажување. Таа е работена со комбиниран метод од хипсометричко боење и метод на сенки. На картата со соодветни симболи и топоними се обележани поголемите населени места, реки, езера, мориња, острови, заливи, планини, планински врвови, р’тови, висорамнини, низини, висински точки, патишта…Таа ги содржи сите држави, со дефинирани копнени и водени граници и главни градови. За користење на оваа карта не се потребни претходни знаења од географија, па можат да ја користат и оние кои имаат потреба за продлабочување на своите скромни познавања од географијата, а секако и за хобисти.