Политика за приватност

1. Општи информации
а) Вовед

Ви благодариме на вашиот интерес за нашата веб-странa и нашите онлајн услуги. Заштитата на податоците на нашите посетители и корисници како и користењето на податоците само на начинот на кој нашите посетители и корисници очекуваат е еден од нашите најголеми приоритети. Во таа насока, следнава политика е дизајнирана со цел да ве информира за обработката на вашите лични податоци и вашите права во врска со оваа обработка според Законот за заштита на лични податоци и други законски прописи и регулативи.

б) Контролор
Ние, ТРИМАКС, според Законот за заштита на лични податоци сме контролор и поради тоа сме одговорни за обработката на вашите лични податоци.

в) Одговорно лице за заштита на личните податоци
Нашeтo одговорно лице за заштита на лични податоци можете да го контактирате со користење на следните информации за контакт: Адреса: бул.Кузман Јосифовски-Питу 15/6, Е-пошта: trimaks@trimaks.mk, Телефон: +389 (0)2 2460 040.

2. Обработка на лични податоци при користење на нашата веб-страница
При користењето на нашата веб-страна, вашите посети се логираат во нашиот систем. Во логовите може да ги сочуваме моменталната IP адресата на вашиот уред, датумот и времето на пристап, типот на прелистувач, оперативниот систем на вашиот уред и страниците до кои се пристапува. Ние ги собираме овие податоци со цел да ја оптимизираме и подобриме нашата веб-страна и нашите онлајн услуги. Законскиот основ за обработката на овие податоци се заснова на легитимен интерес, односно нашиот легитимен интерес да ја заштитиме веб-страната и да го подобриме квалитетот на нашите услуги.

Дополнително, при одредени онлајн активности како што се регистрации, анкети, апликации, онлајн нарачки итн, ги чуваме вашите лични податоци кои сте го оставиле во процесот на овие активности. Законскиот основ за обработката на овие податоци се заснова на извршување на договор. Со цел соодветна заштита на овие податоци превземени се низа на мерки меѓу кои: енкрипции, безбедносни лозинки, контрола на пристап, поделба на должностите итн.

а) Формулар за контакт
Доколку сакате да нé контактирате тоа можете да го направите преку формуларот за контакт www.trimaks.mk/kontakt/. Личните податоци кои ги оставате преку формуларот за контакт ќе бидат обработени само за да одговориме на вашето барање. Пополнувањето и доставувањето на формуларот за контакт претставува афирмативно дејство со кое ни давате согласност за обработка на податоците од контакт формата.

б) Колачиња (cookies)
За да го поедноставиме и унапредиме корисничкото искуство на веб-страната, како и за да овозможиме користење на одредени функции, користиме „колачиња“(cookies). Колачиња се мали текстуални датотеки кои може да бидат зачувани на вашиот уред. Дел од колачињата кои ги користиме се бришат по завршувањето на сесијата во прелистувачот. Други колачиња остануваат на вашиот уред и ни овозможуваат нам или на нашите партнери да го препознаеме вашиот прелистувач при вашата следна посета. За да дознаете повеќе за тоа како ги користиме колачињата, можете да пристапите до нашата „Политика за колачиња“.

в) Приматели на податоци
Во процесот на обезбедување на услугите може да користиме услуги од трети компании за обработка на вашите лични податоци. Овие трети компании може да се наоѓаат во земји во и надвор од Европската унија (ЕУ) и Европската економска област (ЕЕА). Ние се осигуруваме дека овие трети компании ги обработуваат личните податоци во согласност со европското законодавство за заштита на лични податоци со цел да се гарантира соодветно ниво на заштита на податоците. Не правиме пренос на лични податоци на други приматели, освен кога сме обврзани со закон да го направиме тоа.

г) Период на чување на податоците
Вашите лични податоци добиени преку нашата веб-страна се чуваат се додека не се исполни целта за која тие биле потребни. Исклучоци од ова правило се случаите кога сме законски обврзани да ги чуваме вашите податоци за целите на доставување на информации до органите на власта, како на пример до финансиските и даночните служби. Во овие случаи мора да се почитуваат периодите на чување на податоците според законските прописи, каде периодот на чување за одредени податоци може да биде 5 или повеќе години. Исто, периодите на чување на податоците може да се продолжи и поради наш легитимен интерес како на пример да се гарантира безбедноста, да се спречи злоупотреба или да се гонат кривични престапници.

3. Вашите права
Како субјект на податоци, можете да нé контактирате во врска со заштитата на податоци со цел да ги искористите вашите права. Вашите права се следните:
• Право да добиете информации за обработката на податоците и копија од вашите податоци;
• Право побарате исправка на неточни податоци или пополнување на нецелосни податоци;
• Право да побарате бришење на личните податоци;
• Право да побарате ограничување на обработката на податоците;
• Право да ги добиете вашите личните податоци во структуириран, вообичаено користен и машински читлив формат и право да побарате пренос на овие податоци до друг контролор;
• Право на приговор на обработката на податоците;
• Право да ја повлечете дадената согласност во секое време со цел запирање на обработката на податоците што се заснова на ваша согласност;
• Право на поднесување на приговор до надлежниот надзорен орган: “Агенција за заштита на личните податоци”

Политика за квалитет, животна средина и услуги

МИСИЈАТА на нашата компанија е да ги задоволиме потребите на нашите клиенти и соработници. Секојдневно работиме за да создадеме или донесеме нови производи и да ги подобриме услугите за нашите клиенти.
ВИЗИЈАТА на нашата компанија е сите деца и ученици да добијат квалитетно образование и да учат и растат со нас.
ПРИНЦИПИТЕ на нашата компанија се темелат врз вредностите во кои веруваме и ги почитуваме: партнерство и соработка; нашите клиенти, нашите партнери и соработници се основа на нашето постоење и делување.
МОТО
  • Сигурен партнер во секојдневното работење
  • Поблиску до вас
  • Нагледни средства во секојдневно образование
  • Ние го мапираме светот.
  • ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ изјавува дека главната цел на раководството и целиот персонал е давање на квалитетна услуга и производ на своите клиенти што одговара на сите нормативни барања и е во согласност нивните барања, потреби и очекувања.
  • ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ континуирано ќе го следи степенот на задоволство на клиетите и ќе ги проучува  и исполнува нивните препораки, барања и рекламации се со цел истите да ги користи за подобрување на услуги и производите кои ги нуди.
  • ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ се грижи за долготрајна и квалитетна соработка со сите заинтерсирани страни.
  • ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ се стреми да одржува тим од висококвалификуван и мотивиран персонал и води сметка за одржување и благопријатен творечки амбиент, пришто секој извршител да биде свесен за важноста на своите дејствија во однос на задоволувањето на барањата на клиентите и просперитетот на фирмата.
  • ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ ќе се грижи за континуиранa обука и едукација на вработените како основна потпора на Системот за управување со квалитет.
  • ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ ќе ги поддржува Системот за управување со квалитет,  животна средина и преведувачки услуги, во согласност со барањата на меѓународните стандарди ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, ISO 17100:2015.
  • ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ се  обврзува на идентификација на внатрешните и надворешните прашања и очекувања, како и ризиците и можностите за постојано унапредување на квалитетот на услугите и производите кои ги нуди.
  • ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ ќе се стреми кон идентификување и елиминирање на сите ризици и недостатоци кои може да доведат до губење на довербата на клиентите и до намалување на профитот.
  • ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ применува процесен период кон создавање и одржување на Системот за управување со квалитет и за таа цел извршува идентификација, планирање, воведување, контрола и континуирано подобрување на сите процеси кои имаат влијание врз квалитетот на сите услуги и производи.
  • ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ им гарантира на своите клиенти коректност и максимално исполнување на превземените ангажмани.
  • ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ се обврзува на исполнување на барањата на Законската регулатива од областа на заштита на работната и на животната средина, како и чување на ресурсите и инвестиците на најдобар можен начин.
  • ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ се обврзува на идентификување на сите аспекти на животната средина до кои се доаѓа или може да се дојде и ставање под контрола на значајните аспекти за животната средина.
  • ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ постојано ќе се стреми кон подобрување на своите дејности и услуги да бидат во склад со животната средина, преку доследно почитување на законите, прописите и стандардите.
  • ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ ќе вложува максимални напори за зачувување на здравјето и безбедноста на сите заинтерсирани страни во деловни активности.
  • ТРИМАКС ДОО СКОПЈЕ се обврзува да ги извршува сите активност  - издавачка дејност, превод, толкување, лектура и редакција на превод во согласност стандардот за ISO 17100:2015.
 
 
Управител  
Горан Димитров
  Скопје, 01.01.2023  година